6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Албин Курти бил навредуван и физички нападнат од едно лице за време на партискиот собир на партијата во јужниот дел на Косовска Митровицa (ВИДЕО)

Лидерот на самоопределување, Албин Курти бил навредуван и физички нападнат од едно лице за време на партискиот собир на партијата во јужниот дел на Косовска Митровица.

Еден од присутните на партискиот собир во Митровица жестоко го навредил водачот на Самоопределениот и се обидел физички да се пресмета со него, што било спречено од обезбедувањето, наведува приштински „Клан Косова“.

Реагирал и градоначалникот на Јужна Митровица, Агим Бахтири, кој се обидел физички да се пресмета со граѓанинот, користејќи пцовки.

Заминувањето на Вјоса Османи и Албин Курти на северот на Косово предизвика бројни проблеми и несогласувања. Претходно денес, претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК) реагираа со изјава во која сметаат дека лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти и в.д. претседателката на Косово, Вјоса Османи го нарушиле уставниот поредок на Косово со одење во Северна Митровица, со цел да соберат ефтини политички поени.

Повеќе од една деценија, Албин Курти зборуваше дека „ќе оди во Митровица“, воден од омраза да докаже дека државата Косово е неспособна и пропаднала. Тој се обидува да профитира политички на штета на институциите, а денес ја посрамоти државата и сериозно влијаеше на достигнувањата во тој дел на Косово , се наведува во соопштението на ДПК, кое го пренесе приштински „Газета експрес“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести