Јутјуб воведува нова опција која овозможува сечење и споделување на краток дел од одредено видео. Според натписите во „Digital Trends“ оваа функција е овозможена само за одреден број креатори на содржини кои учествуваат во бета програмата.
Скратувањето на видеата моментално е возможно само преку Андроид и компјутер, а самиот исечок може да трае од 5 до 60 секунди. Кога ќе се одбере иконата со ножички, се појавува слајдер и потоа креаторите одбираат кој дел од видео снимката сакат да го исечат. На отсечениот дел може да му дадат име до 140 карактери.
