9.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Ја викнав на кафе ШВАЛЕРКАТА на маж ми, па се случи нешто неочекувано!

Бев мажена за човек кој сакаше да флертува, но цврсто верував дека никогаш нема да ја помине границата. Или барем се надевав. Сепак, еден ден и тоа се случив, а дознав случајно. Место нејзе, порака ми прати мене. Пораката почнуваше со нејзиното име – Катерина. 

Кога дојде дома се соочив со него. Прво негираше, но на крајот призна. Рече дека згрешил, дека се кае и јас му поверував. Тој го злоупотреби тоа. Продолжи да се гледа со неа, само стана повнимателен. Пред да донесам конечна одлука за нашиот брак, решив да ја најдам жената и да поразговарам со неа. И испратив порака и ја поканив на кафе. Се согласи, а признавам не го очекував тоа. 

Мислев дека ќе ја претепам, но се помина без драма, во разговор. Тоа беше разговор кој ми го смени животот. Не бевме ривалки, туку две измамени жени. 

Ми кажа дека и велел дека нашиот брак е мртов одамна, дека заедно сме само формално. Со мене живее заради синот кој не знае за разводот. Затоа и се согласила да се гледа со него. Била убедена дека е практично разведен човек. За мене велел дека сум фрик контрол, дека правам скандали, дека сум љубоморна и дека го вртам синот против него. Ме опишувал како ладно и бесно чудовиште. Тоа била сликата за нашиот брак, онаа која и ја раскажал на љубовницата. 

Јас и ја раскажав мојата вистина. Дека ми се колнеше оти не ја сака, дека не ја сфаќал сериозно, дека се било случајно и се кае.

Двете останавме скршени од фактот дека сме вљубени во лажго и измамник. Што е најстрашни и двете сме му верувале. 

Се прашувате што се случи? Јас се разведов, Катарина го остави. Сфатив дека со него нешто не е во ред. Таква личност не може да ве усреќи, но затоа може лесно да ви го ксрши срцето. Сакам да им порачам на сите измамени жени: Не се виновни љубовниците, виновен е вашиот маж…

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести