Неколку работи кои сигурно ке ви користат
Кога помислуваме на некој како Џеф Безос, претпоставуваме дека како еден од најбогатите луѓе во светот и шеф на најголемата онлајн продавница на Амазон, има неколку обврски од раните утрински часови, но Безос открива дека тајната на неговиот успех е во тие моменти измеѓу.
Судејќи според Безос, неговиот најважен дел од денот е кога не прави ништо. Или барем ништо нема испланирано однапред.
Во последната книга, тој пишува за тоа како се буди рано и верува дека тоа е клучот за неговиот успех.

– Сакам да безделничам наутро. Станувам многу рано и легнувам рано. Сакам да читам весници. Сакам да пијам кафе. Сакам да појадувам со децата пред да одат на училиште. Тоа време кога не работам е многу важно за мене. Затоа не го закажувам првиот состанок пред десет часот – напиша тој.
Ова е всушност драгоцена и моќна лекција што покажува дека понекогаш најдобриот начин човекот да биде продуктивен е да има моменти кога не прави ништо, бидејќи тоа се моментите што му помагаат да носи квалитетни деловни одлуки.
Тоа е исто така знак на емоционална интелигенција, бидејќи Безос ја препознава важноста да се живее живот кој не е до секунда структуриран и испланиран, па затоа тој ја воведел мрзеливоста во неговата дневна рутина.

Безос стана милијардер кога имаше само 35 години, а тоа беше во 1999 година. Истата година, неговото име се најде на списокот на милијардери на Форбс, и оттогаш неговото богатство рапидно расте, а денес е најбогатиот човекот во светот.
