Сега ги реши сите дилеми!
Џенифер Лопез (51) тврди дека нејзиниот изглед е потполно природен и демантира дека правела некаква корекција на себе. Особено е категорична кога станува збор за ботоксот, вели никогаш не го ставила на лицето. Сепак, нејзините следбеници на социјалните мрежи мислат поинаку.
„Само ќе речам дека челото не ти се помрднува, а ниту веѓите кога зборуваш… Имаш ботокс дефинитивно. Тоа е во ред, само велам…“, гласи еден од коментарите под фотографија на пејачката.
„Ха, ха, ха… тоа е само моето лице! 500.000.000 пати сум рекла дека ништо не сум вбризгувала, ниту сум се оперирала“; рекла пејачката и додала: „И вие ќе бидете млади и убави ако го трошите времето на тоа да бидете позитивни, љубезни и да им влевате самодоверба на останатите жени.“
