0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

ВИСТИНСКИ ХАОС СЕ СЛУЧИЛ ВО КАФЕАНА ВО ДЕБАР МААЛО

Гости нападнале сопственик на кафеана во Дебар Маало и искршиле дел од инвентарот затоа што не сакале да си одат во 21 часот, времето предвидено за работа на угостителските објекти.

Според информациите на МВР, вчера З. В. (53) од Скопје пријавил во полиција дека во 14: 20 часот, додека бил во својот угостителски објект во Дебар Маало, едно лице физички го нападнало, а другото оштетило дел од инвентарот.

Според пријавеното, на ова претходела вербална расправија бидејќи претходниот ден истите лица не сакале да го напуштат локалот по завршување на работното време.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести