7.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Што сонува Христијан Мицкоски

Секој што мислел дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да ја одвои довербата на граѓаните и да ја поведе партијата во победа , се лажел.

Тоа се покажа со поразите на претседателските и парламентарните избори, но и поразите на локалните избори во Охрид и Ново Село, вклучувајќи го и бегството пд соочување за референдумот и изборите во Штип.

Тоа се покажа и со последните анкети на кои веќе не е со најголема доверба меѓу опозициските лидери, односно заостанува зад лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Мицкоски нема капацитет да му донесе победа на ВМРО-ДПМНЕ, што се покажува и со лажните ветувања кои траат повеќе од пест месеци дека ќе презел пратеници пд СДСМ.

Последен во низата очајни потези и обиди за спас на политичката кариера е настапот на неговата пратеничка Иванка Василевска која на дебата ја молеше Снежана Калеска, СДСМ да дошле во опозиција и потоа заедно да формирале влада.

“Или обезбедете си 61 пратеник или дојдете во опозиција, па заедно ќе направиме влада” се обрати пратеничката Василевска на својата колешка од СДСМ Снежана Калевска Ванчева, за време на нивното гостување на ТВ21.

„Еве ова е отворена понуда до власта. Видовме дека може со гаранции да се даде мандатот на втора партија по ред на избори“, рече Василевска.

Мицкоски подолг период бега од избори или ги губи па ја применува тактиката на фрлање димни бомби во членството дека “само што не дошол на власт”.

Со најавите за преземање на пратеници Мицкоски се надева дека ќе ги амортизира критиките за неговото лошо водење на партијата.

Медиа.мк веќе ја обработуваше оваа тема за која може да прочитате повеќе на следниот линк

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести