7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

СОВЕТИ ОД НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК ЏЕФ БЕЗОС ЗА УСПЕШЕН ДЕН!

Неколку работи кои сигурно ке ви користат

Кога помислуваме на некој како Џеф Безос, претпоставуваме дека како еден од најбогатите луѓе во светот и шеф на најголемата онлајн продавница на Амазон, има неколку обврски од раните утрински часови, но Безос открива дека тајната на неговиот успех е во тие моменти измеѓу.

Судејќи според Безос, неговиот најважен дел од денот е кога не прави ништо. Или барем ништо нема испланирано однапред.

Во последната книга, тој пишува за тоа како се буди рано и верува дека тоа е клучот за неговиот успех.

– Сакам да безделничам наутро. Станувам многу рано и легнувам рано. Сакам да читам весници. Сакам да пијам кафе. Сакам да појадувам со децата пред да одат на училиште. Тоа време кога не работам е многу важно за мене. Затоа не го закажувам првиот состанок пред десет часот – напиша тој.

Ова е всушност драгоцена и моќна лекција што покажува дека понекогаш најдобриот начин човекот да биде продуктивен е да има моменти кога не прави ништо, бидејќи тоа се моментите што му помагаат да носи квалитетни деловни одлуки.

Тоа е исто така знак на емоционална интелигенција, бидејќи Безос ја препознава важноста да се живее живот кој не е  до секунда структуриран и испланиран, па затоа тој ја воведел мрзеливоста во неговата дневна рутина.

Безос стана милијардер кога имаше само 35 години, а тоа беше во 1999 година. Истата година, неговото име се најде на списокот на милијардери на Форбс, и оттогаш неговото богатство рапидно расте, а денес е најбогатиот човекот во светот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести