Диџејот остана зачуден кога видел мечка исправена пред вратата од неговата куќа. Како што изгледа на мечката ѝ го привлекла вниманието музиката која ја пуштал.
50-годишниот Џоди Флеминг пушташе музика и го пренесуваше во живо неговиот настап од Ешвил, Северна Каролина, кога од никаде се појави мечка пред вратата од неговата куќа.
Првично диџејот не бил свесен дека дивото животно се наоѓа позади него, но кога ја забележал сенката се свртил мислејќи дека е некој од неговите соседи.
Тој остана зачуден кога ја виде мечката, која замина и збунет истрча да го земе телефонот за да ја сними мечката.
