Една од најголемите поп-икони во 90-тите години, Татјана Матејаќ, позната како Тајчи, еднаш рече дека била жртва на сексуално злоставување. Како што вели, кога била тинејџерка, била силувана, но не сакала да каже никому за тоа.
– Сè уште бев во тинејџерски години, тоа беше пред славата, ме силуваа и верував дека тоа е моја вина. Затоа не сакав да кажам никому. Ние мора да создадеме средина во која жена или маж нема да веруваат дека се виновни кога ќе им се случи такво нешто – призна Тајчи порано за медиумите.

Таа вели дека одела на психотерапија со години и и требало многу време да зборува отворено за тоа.
– Години на психотерапија, длабока потсвест, ми требаше долго време да го погодам чкрапалото за да го отворам и да го залечам – рече таа.
– Како мајка на три сина и креативен претприемач, секој ден се справувам со голем стрес. Во текот на мојот живот, се занимавав со некои навистина големи работи: ги изгубив сопругот и татко ми од рак, се борев со депресија и анксиозност со години, како тинејџер поминав низ трауматско искуство на сексуално насилство и се борев да се сакам повторно и повторно.Ја враќам самодовербата – рече Тајчи.
