Пејачката Милица Павловиќ во емисија открила како го поминала детството на село и дека е горда што токму таму пораснала, а потоа открила колку и било тешко да се пробие на естрада, и дека многу големи ѕвезди знаеле да поминат покрај неа и да ја удрат со лакт.
“Добра сум. Кога гледам што се случува, ништо не ми фали. Здрава сум, жива сум“, рекла Милица на почеток и открила какво детсто имала во Лесковац.
“Го сакам својот град. Таму ме ценат, таму постои клуб каде што и понатаму држам рекорд. Моето детство беше весело, пораснав на село и на тоа сум горда. Во тој период ми недостасуваа, додека таткоми работеше, неговите посети. Во семејните расправии му префрлав што доаѓаше двапати годишно. Тој е добар човек, не му забележувам. Тоа беше кога бев во пубертет, сега ми вели “Се сеќаваш ли како ми зборуваше“, рекла Милица и открила зошто не можела да живее надвор од Србија.

“Се обидов да живеам вон земјата, но неможев да го замислам тој систем и луѓето затворени за социјален живот. Се е на часови, немаш време да воздивнеш и да живееш со полни плуќа. имаш време само за работа“ “Светот би бил никаков да нема љубов. Знаев што сака. Ништо немаше да постигнам во Швајцариј. Одев полека како средношколка. Не дојдов од кафана на оваа сцена, за жена тоа е голем плус. За мене е страшно девојка во кафана со 14 години да учи занает. Кога отидов да живеам со таткоми во Швајцарија, знаев дека таму нема да успеам, одлучив да се вратам за Белград да се запишам на факултет. Таква сум, сакам се и веднаш. Како жена тешко беше да се успее, естрадата е животински свет. Големите ѕвезди знаева да поминат покрај мене и да ме удрат со лакт. Луѓето ме сакаат поради мојата искреност, гледаат лице кое се бори, како што се сметатм себеси, сигурна сум дека на многумина сум им пример“, рекла Милица во емисијата “Премиера – викенд специјал“.
