8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ХАОС ВО ХОЛАНДИЈА: Запалена лабораторијата за Ковид тестирање на масовните протести против полициски час (видео)

За време на протест младите на првата ноќ на полицискиот час, демонстрантите запалија објект за тестирање коронавирус во холандското рибарско село Урк и фрлале петарди.

Полицијата денес објави дека повеќе од 3.600 лица биле казнети првиот ден за кршење на полицискиот час, кој трае од 21:00 до 4:30 часот наутро, а 25 лица се уапсени за насилство за време на забраната за движење, објави АП.

Видеото покажува како млади луѓе влегуваат во лабораторија за тестирање коронавирус во селото Урк, 80 километри северо-источно од Амстердам, пред да ја запалат вечерта.

Полицијата и општината издадоа соопштение во кое изразуваат гнев поради немирите, односно „фрлање петарди, камења до уништување полициски автомобили и фрлање факели кон лабораторијата“.

  • Ова е апсолутно неприфатливо, ова е шлаканица за локалните здравствени власти кои прават се што можат во лабораторијата во Урк, рекоа локалните власти, додавајќи дека полицискиот час ќе трае до крајот на неделава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести