8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Е ОВА Е СРЕЌА: Американец освои над МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ НА ЛОТАРИЈА

Организаторите на лотаријата очекуваат дека сопственикот на добитното ливче најпрво ќе се „собере“, ќе го направи посакуваниот план за исплата на наградата и дури тогаш тој ќе се пријави.

Бидејќи немаше главен добитник на американската лотарија повеќе од четири месеци, профитот од 1,05 милијарди долари на последното извлекување му припадна на среќникот кој го купил билетот во Детроит.

Џекпотот од 1,05 милијарди долари е трета најголема награда за лотарија во историјата на САД. Според организаторите на лотаријата во Мичиген, победничките броеви биле 4, 26, 42, 50, 60 и 24.

– Некој се разбуди утрово во Мичиген со вести што го менуваат животот. Честитки за најновиот милијардер од Мичиген – изјави Рејчел Хирст, регионален портпарол на ланецот храна „Крогер“, во чиј бар е купен билетот.

Организаторите на лотаријата очекуваат дека сопственикот на добитното ливче најпрво ќе се „собере“, ќе го направи посакуваниот план за исплата на наградата и дури тогаш тој ќе се пријави.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести