16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Дубаи може да добие облакодер од футуристички дизајн (ФОТО)

Дубаи може да добие облакодер од футуристички дизајн, благодарение на концепт кој го креирал турскиот архитект Хајри Атак. Тоа е облакодер дизајниран така што може да се врти додека дува ветер.

Концептот неодамна е презентиран на интернет на социјалните мрежи. Дизајнот е инспириран од ветротурбини, а за разлика од стандарните облакодери кои се спротивствуваат на силата на ветерот, оваа кула ќе го користи за вртење.

Облакодерот се состои од три сегменти, дизајнирани полека да ес вртат при одредена брзина . Сегментите се вртат околу централната оска, а ќе ги поврзуваат голем број на тунели.

За една ротација се потребни 48 часа со или без ветер, а како и сите други ротирачки ресторани, кулата би можела да овозможи целосен поглед на Дубаи.

Кулата би се вртела и без ветер, и во тој процес би создавала електрична енергија. Би имал и хелиодром на врвот.

Кога ќе почне изградбата, засега не е познато.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести