Може слободно да се каже дека Лурдес Леон навистина голем дел од карактерот повлекла од мајка и, славната Мадона. Живее онака како што сака и воопшто не и е гајле за тоа што мисли околината, а ниту се грижи што некој ќе рече дека е дете на славни родители.
Токму како и Мадона, која имаше шокантни потези за време на својата кариера, не чуди ова однесување на нејзиното најстаро дете. Лудерс е снимена додека се вози во метро на релација од Бруклин до Њујорк. Облечена е во шарена јакна, има и маска и во еден момент додека била во друштво на пријателка и си дремнала. А папараците, секако, не можеле да му одолеат на моментот.

