10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Нови хит фармерки за моторџии кои може ви да го спасат животот

Патувањето со мотор е многу поопасно од со кола. На пример, во Соединетите држави, ризикот за смрт во сообраќајна несреќа со мотор е 28 пати поголем отколку во несреќа со кола.

Но, последната иновација во производството на воздушни перничиња може да спаси многу животи моторциклисти и да ги направи нивните патувања побезбедни.

Мозес Шахривар дизајнираше фармерки, на кои е поставено „воздушно перниче“ во делот на нозете. Тие се активираат и се отвораат во моментот кога мотоциклистот паѓа од моторот, а со тоа ги ублажува ударите на долниот дел од телото. Потоа перничињата се полнат со гас и се подготвени повторно за употреба .

Неговата компанија, „Airbag Inside Sweden AB“, е близу до добивање на европски сертификат за безбедност, додека од Европската унија доби и грант од 150 илјади евра за понатамошно развивање на идејата. Ако сè оди според планот, фармерките ќе се појават на пазарот во 2022 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести