16.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

ДОКАЗ ЗА ВЕЧНА ЉУБОВ: Биле заедно како деца, животот ги разделил – ПОСЛЕ 70 ГОДИНИ ПОВТОРНО СЕ ЗАЕДНО

Приказната започнува крајно едноставно – двајца канадски тинејџери се запознале и се заљубиле. Љубовта траела две години, имало подеми и падови, како и во сите „млади“ врски. Кога љубовта престанала, секој тргнал по својот пат.

Фред тогаш имал 18, а Флоренс 15. Тој дури се преселил во друг град. Со години немале контакт и двајцата се венчале, основале семејства со други лица и изгледало дека така завршила приказната за Фред Пол (84) и Флоренс Харви (81), но не било така.

Сопругот на Флоренс, со кого има пет деца, починал во 2017 година, а сопругата на Фред, Хелен починала две години подоцна, во 2019 година, со која има две деца.

Флоренс некако дознала дека Фред ја изгубил сопругата и решила да му се јави. Разговарала со него и го тешела, била со него во тешки моменти. Почнале да разговараат за старите, добри времиња. Решила да го изненади за неговиот роденден и се појавила во Торонто за да го изненади. Фред бил воодушевен и скокнал да ја прегрне и да ја бакне во образ.

По три дена поминати заедно, тие одлучиле да се венчаат и да продолжат да живеат заедно. Нивните семејства иако негодувале, но сепак им објасниле дека сакаат да го поминат остатокот од животот заедно и дека во нивниот случај тоа не е многу време. Во тој период, Фред го чекала борба против рак на желудник, а Флоренс решила да биде со него во добро и лошо.

Тие се венчале за време на пандемијата, така што немало многу гости, но тоа не го нарушило нивното расположение.

Сега планираат да го посетат својот роден град и сите места каде што поминувале многу време заедно во младоста.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести