Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ГРИЦКАЈТЕ ЗДРАВО: Овие пет закуски се здрави за вашиот организам

Кога јадете индустриски преработени закуски, јадете адитиви, вештачки ароми, многу маснотии и шеќери, а всушност, не го храните организмот со она што навистина му треба.

Чипс и грицки ќе ве заситат, навидум. Сепак, вашите клетки се уште се гладни затоа што им е дадена храна со која не знаат што да прават, бидејќи таа храна навистина не им е потребна.

Седум здрави и вкусни закуски што можете да ги носите насекаде со вас и да ја задоволите желбата за грицкање кога не сте дома:

Леблебии

Едно истражување покажало дека луѓето кои консумирале 3/4 од една просечна шолја за кафе леблебии на ден изгубиле тежина, без да избегнуваат друга храна.

Навлажнете ги малку, посипете ги со миризлив пипер, лук или некој зачин по ваш избор и печете во рерна.

Чипс од јаболко

Исечете јаболка или дуња во тенки прстени, наредете ги на плех, посипете цимет и печете на 100 степени во рерна.

Ореви (ореви, бадеми, индиски ореви)

Оревите се совршена здрава и хранлива закуска. Содржат идеален баланс на масти, протеини и растителни влакна. Мешавината со ореви е многу вкусна закуска што можете да ја надополните со суво овошје и лесно да ја спакувате и да ја носите со вас.

Семки од тиква

Овие семиња се богати со Омега-3 масни киселини, кои се неопходни за организмот да ја одржи работата на срцето и да го регулира крвниот притисок. Богати се со магнезиум, калциум, железо, цинк и витамин К. Го подобруваат расположението и го намалуваат холестеролот. Едно истражување покажа дека жените кои поминале во менопауза и јаделе семе од тиква секој ден имале 23% помал ризик од развој на рак на дојка.

Семки од сончоглед

Семките од сончоглед се вистинска ризница на витамин А и витамин Е, важни за убава и млада кожа.

најчитани вести

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Балкан

Фадиj Сиjeвиќ е пронајден мртов денес во ридовите над езерото Бадовац, а според „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот на сведоци на Специјалното...

Забава

ОВЕН Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е...

Македонија

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје...