13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ЕКСКЛУЗИВНО: НОВИ ДЕТАЛИ ОД МИНАТОТО НА ДЕЧКОТО НА ЦЕЦА

Богдан Срејовиќ (38), новото момче на Светлана Цеца Ражнатовиќ (47), имал турбулентенљубовен живот пред неговата врска со фолк дивата.

Сепак, иако, тој важи за заводник, тешко го поднел разводот со Зорана Тасовац, која веќе четири години е во врска со пејачот Саша Ковачевиќ. Нивната заедница траела само неколку месеци, но нејзиниот колапс оставил сериозни емотивни последици врз избраникот на Цеца, велат неговите пријатели од родниот Крагуевац.

Како што вели извор за српските медиуми, тој не можел да се опорави три години. Иако траело кратко, сепак, секојдневните кавги ги натерале да стават крај на нивниот брак. И двајцата тргнаа по одделни патишта, а единственото нешто што ги обединува е безусловната љубов и грижа што ја имаат кон својата ќерка.

И Богдан и Зорана се посветени родители, но животот го продолжија со различни партнери.

Изворот додава дека сега тие двајца се во одлични односи, се дружат, излегуваат заедно во ресторани во главниот град со нејзиното момче, а за тоа сведочи и фотографијата што Срејовиќ ја објави на Инстаграм, каде сите се заедно во ресторанот на Саша.

Нивните заеднички пријатели сведочат дека и Богдан ја пронашол својата среќа со Цеца.

Затоа тој не им обрнувал внимание на злонамерните коментари за нивната врска.  Велат дека многу добро се согласуваат, а почнале да кројат и заеднички планови.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести