23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Цеца со луксузна црна бунда пристигна на поменот на Аркан (фото)

Цеца некаде околу 11 часот стигнала на Новите белградски гробитшта, во друштво на ќерката, синот и сестрата Лидија за да одбележат 21 година од смртта на Жељко Ражнатовиќ – Аркан, сопругот на пејачката. И Цеца и Анастасија се појавиле во црни луксузни бунди, а пејачката по доаѓањето прво се поздравила со присутните новинарски екипи и им се заблагораила што дошле.

Аркан е убиен на 48-годишна возраст, пред точно 21 година, односно на 15 јануари 2000 година, во 17: 05 часот, во тогашниот хотел „Интерконтинентал“ на Нов Белград. 

Ражнатовиќ кобниот ден бил во друштво на Миленко Мандиќ – Манда и Драган Гариќ, кои се, исто така, убиени, како и поранешниот директор на Комерцијална банка Љубомир Михајловиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести