5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ЛЕПА БРЕНА УЖИВА НА МАЛДИВИТЕ – За прв пат на одмор без децата (фото)

Пејачката Лепа Брена овие денови ужива на одмор заедно со својот сопруг Боба Живојиновиќ, но за прв пат без децата.

Според медиумите, пејачката не е во добри односи со своите деца, особено со Стефан кој е отселен од домот и живее во станот на девојка му. Причината е поради тоа што семејството му забранило да се венча со неа.

Најмалиот син пак Виктор кој летово беше во Монако со својата девојка и родителите, овој пат се одлучи за зимовање, додека Филип и пејчката Александра Пријовиќ останаа во Белград.

Двајцата заминаа на Малдивите, а Брена од ова егзотично место често ги почестува фановите со фотографии за да им ја долови  убавината во која уживаат двајцата.

Инаку Лепа Брена речиси традиционално секоја година во јануари заминува на одмор далеку од студениот Белград, а претходно низ годините освен на Малдивите таа била во Тајланд, Дубаи и многу други топли егзотични краеви.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести