10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Мицкоски се потпира на СДСМ во ДИК ! Членството револтирано на неговата кадровска политика

Новиот состав на Државната изборна комисија денеска даде свечена изјава во собранието со што отпочнува нивната работа и подготовката на наредните локални избори.
Претседателот Александар Даштевски, се огради од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски изјавувајќи пред медиумите дека е најнеутралниот член на ДИК, бидејќи во моментов не е во ниту една партиска структура.
„Јас сум, практично, најнепартиски од сите во ДИК, затоа што не сум формално член на ниту една партија. Веројатно верувале дека можам да сработам добро и поради тоа се одлучиле за мене“, рече Даштевски, одговарајќи на прашањето дали е поставен на оваа функција како награда за помагањето во азилот на Груевски и затоа што актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски исполнува ветувања кон него.
Долгогодишни членови на ВМРО-ДПМНЕ веќе негодуваа на изборот на Мицкоски за новиот состав на ДИК.
Петар Миовски кој е советник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, преку својот фејсбук профил жестоко реагираше на кадровската политика на раководството на партијата и лицата кои се одбрани да ја претставуваат во Државната изборна комисија.
„Секогаш кога во Штаб ќе ви кажат дека сум револтиран ради функција и останати лаги и небулози можете да ги потсетите дека ВМРО- ДПМНЕ го предложи за член на ДИК БОБАН СТОЈАНОСКИ обележан на сликиве. ова се хард кор ВМРОВЦИ а ние што имаме критичко размислување за добро на партијата не чиниме овие ви се добри ! Абе ВМРО ќе ви суди на сите натурализирани ВМРОВЦИ и тие што мењаа по 2 3 5 партии а сеа креирате слика за нас како да сме демони! Ќе се врати ВМРО како феникс со прави луѓе и Заев ќе падне и државата ќе тргне само мора ѓубрето од седми на глава да го фрлиме !“, напиша Миовски.



Со слична реакција се јави и Борисав Стоилковиќ кој работи во опозицискиот Инфомакс.
„Новата ДОКТРИНА на ВМРО-ДПМНЕ, колку е можно повеќе да му се помогне на ЗАЕВ да го прави ова што го прави. Сега СДС во ДИК има изгледа место ДВА, чисти ТРИ ЧЛЕНА, а ВМРО-ДПМНЕ колку членови има СПОРЕД НОВАТА ДОКТРИНА? “, напиша Стоилковиќ.

ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа Заев за Поткуп, а правната комисија ја води човек кој го бранеше Заев дека не зел мито

Фотографијата од новиот „вмровски“ член на ДИК како се враќа од митинг на СДСМ, отвори дебата и околу други членови на партиската правна комисија. Имено на фотографијата со маичка на СДСМ се тврди дека се наоѓа уште еден член на комисијата, а впрочем и самата комисија е водена од адвокатот Тони Менкиновски кој го бранеше Зоран Заев во случајот „Поткуп“, но и редовно споделуваше постови против ВМРО-ДПМНЕ.
„Како правната комисија на ВМРО ДПМНЕ стана дувло на комуњари во нашата партија слика еден е претседателот на правната комисија а слика два е Александар Софронијовски член на правна комисија Сега Тонка и Ацка треба да поднесуваат приговори и лавовски да се борат за партијата упс…. ама која сигурно секогаш за нивната матична партија. Абе глуперди едни ВМРО што го водите ако не знаете 10 способни правивници афтохтони ВМРОВЦИ јавете се јас ќе ви ги кажам не вака да не брукате. И секогаш кога се мислите зашто немаше приговори за изборите и правна борба потсетете се на сликиве. Мора шутот од дома да го исфрлиме прво за полесни да тргнеме напред ! “, напиша советникот Миовски.

Мицкоски се скара со пола ВМРО и на местата на старите членови донесе кадри кои плукале по партијата

Гордана Силјановска Дафкова беше министер во владите на Бранко Црвенковски и учествуваше во професорскиот пленум и протестите кои се организираа против тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не му пречеше на Мицкоски да ја фаворизира како нова перјаница на партијата и дури да ја предложи како партиски кандидат за Претседател на Македонија. Уживајќи ја неговата целосна доверба, Силјановска беше носител и на партиската листа во првата изборна единица, а сега е пратеник во Собранието. Нејзините поддржувачи од „женското лоби“ сега ја поддржуваат Левица, а ВМРО-ДПМНЕ ги загуби и претседателските и парламентарните избори.


Во претходниот состав на Собранието Сафет Бишевац беше дел од пратеничката група на СДСМ и ги изрече највулгарните навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и членовите на партијата. Тој учествуваше во таканаречениот „Отпор“ и повикуваше на рушење на владата на Никола Груевски чиј советник беше токму Мицкоски. Бишевац обвинуваше дека милиони евра оделе во џебовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски имаше скапо платена функција , директор на ЕЛЕМ.
За сите навреди дека гласачите на ВМРО немале мозок, Мицкоски го награди со високо место на пратеничката листа, но гласачите на ВМРО-ДПМНЕ пружија отпор и Бишевац не влезе во парламентот, а Мицкоски ги загуби изборите.


Воислав Зафировски по случувањата на 27 април бараше најстроги казни за сите оние кои беа во Собранието. Тој во гостување во емисијата Код и побара луѓето да бидат гонети за кривично дело тероризам, а Мицкоски неговото доаѓање од Интегра го промовираше како огромно засилување за ВМРО-ДПМНЕ.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести