8.8 C
Skopje
четврток, март 7, 2024

Бараше најстроги казни за 27ми април, сега стана главен адут на Мицкоски

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не се исклучува можноста да биде назначен на некоја од раководните функции во Вмро Дпмне.

Восилав Зафировски во јавноста е познат од 2013 година кога по голем скандал беше разрешен од собраниската комисија за избори и именување од позицијата член на Антикорупциска комисија бидејќи ја злоупотребил службената положба и овластувањата.

Членовите на Вмро Дпмне и добар дел од јавноста го паметат и по гостувањето во емисијата “Код” на телевизија Телма, кога во својство на бивш началник во внатрешна контрола отворено побара да се казнат полицајците и раководните структури во МВР за настаните од 27ми април, а за останите кажа дека треба да одговараат за тероризам.

Воислав Зафировски е бивш советник во МВР и Владата на Сдсм од периодот 2002-2006 година и портпарол на МВР во периодот 2002-2003 година.

На социјалните мрежи веќе покажуваат разочарување членовите на Вмро Дпмне и искажуваат револт од одлуката на Мицкоски за ветување на раководни позиции на луѓе кои се преселиле од друга партија и имаат сериозен багаж позади себе.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести