20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

АМСТЕРДАМ ЌЕ СЕ МЕНУВА: Туристите нема да смеат да консумираат марихуана во кафулињата

Градоначалникот на Амстердам, Фемке Халсема, предложи забрана за влез на туристи во познатите кафулиња во градот кои продаваат марихуана.

„Голем број туристи доаѓаат во Амстердам само за консумирање на лесни лекови, а таквите туристи станаа непријатности“, рече Халсема на јавната телевизија. Инаку, Халселма е член на зелената партија ГроенЛинкс, а таа е градоначалник од 2018 година.

„Амстердам е космополитски град и ние сакаме туристи, но би сакале тие да доаѓаат поради неговата убавина и култура“, рече таа. Канабисот е технички нелегален во Холандија, но поседувањето помалку од пет грама за лична употреба е декриминализирано во 1976 година.

Халселма му предложи на градскиот совет декрет според кој во кафулињата со канабис се влегува само со холандски пасош. Тој се надева дека градот со тоа ќе престане да биде дестинација за „туризам на мека дрога“. Во Холандија има 570 кафулиња каде може да се купи и консумира марихуана. 166 се во Амстердам.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести