6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

КОРОНА ПАСОШ” ИЛИ ДОКУМЕНТ – Наскоро ќе знаеме

На видео состанок на 21 јануари, лидерите на ЕУ би можеле да ги разгледаат барањата за воведување на европски сертификат за вакцинација, т.н. „корона пасош“, велат од Европската комисија.

– Прашањата во писмото, вклучително и напредокот на вакцинацијата низ ЕУ, ќе бидат предмет на разговори на лидерите на ЕУ, кои ќе се состанат преку видео конференција на 21 јануари. Во зависност од исходот на оваа средба, ќе можеме да одговориме на писмото на премиерот Мицотакис – вели портпаролот на Комисијата, Стефан де Керсмакер.

 Во Брисел додаваат дека сè уште не ја достигнале фазата кога би можеле да дадат свој став по прашањето на таканаречените корона пасоши, кои се повеќе се споменуваат во европската јавност.

– Во моментов имаме многу прашања во контекст на пандемијата со која се справуваме, почнувајќи од стратегијата за вакцинација, па сè до она што ќе го правиме кога граѓаните ќе се вакцинираат. Сето тоа ќе биде дел од разговорите и со земјите-членки – наведува Комисијата.

Во писмо до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајон, Кирјакос Мицотакис повика на приоритет за враќање на слободата на движење низ ЕУ, но исто така предупредува на важноста од итно усогласување на позициите на земјите-членки за сертификат за вакцинација, што според него ќе помогне во обновувањето на патувањата и туризмот што е интерес за Европа.

Мицотакис смета дека приоритет на ЕУ е што е можно поскоро да се обезбеди слобода на движење, иако Грција, како што нагласи, „нема намера вакцинацијата да ја направи задолжителна или задолжителен услов за патување, но дека на оние што биле вакцинирани треба да им се обезбеди можност да патуваат“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести