10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

МИСТЕРИЈА КОЈА ТРАЕ: ПРАТИЛЕ 80 ВОЈНИЦИ ВО ВОЈНА, СЕ ВРАТИЛЕ 81 !

Лихтенштајн е мала земја – четврта најмала земја во Европа и шеста најмала во светот, која почива на бреговите на Рајна помеѓу Швајцарија и Австрија. Оттаму доаѓа помалку позната, но сепак забавна приказна, зачинета со нијанса на мистерија.

Тие успеаја да останат неутрални (и со тоа во голема мера да избегнат загуби) и во двете светски војни. Дури и во 1943 година, кнежевството отиде дотаму што ја забрани нацистичката партија. Во тоа време, тие дури и немаа војска, бидејќи целосно ја распуштија во 1868 година.

Сепак, приказната за последната  стража на војската на Лихтенштајн од 1866 година останува позната од две причини – прво, тие немале жртви, бидејќи ги избегнувале сите борби. Второ, тие заминале со 80 војници, а  се вратиле дома со 81.

Што се случило?

За време на Австро-пруската војна во 1866 година, Лихтенштајн испратил војска од 80 луѓе да го чуваат преминот Бренер меѓу Австрија и Италија, додека резерва од 20 луѓе останала зад нив.

Иако војската требало да ја брани територијата од италијански напади во случај на вонредна состојба, порталот War History Online пишува дека тие навистина не требало да прават ништо друго, туку само да седат во прекрасните планини, да пијат вино и пиво, да пушат пури и да се забавуваат.

Сепак, битката кај Кенигграц ја решила војната, Прусите победиле, а војниците од Лихтенштајн полека се движеле дома. Меѓутоа, кога се вратиле, имало уште еден, односно се вратиле 81 војник.

Кој бил „вишокот“?

Според „The World at War“, австрискиот офицер за врска бил „мистериозната личност“ која се приклучила на армијата.

Од друга страна, „Lounli planet“ пишува дека војниците на Лихтенштајн ја нарекле новата личност во нивната група „италијанскиот пријател“, додека има и извори кои зборуваат за тоа како бил дезертер од некоја војска.

Ниту една од овие приказни не е потврдена, но ниту една не е побиена. Ако некогаш ја дознаеме вистината, тоа веројатно ќе ја расипе целата приказна, како што често се случува.

Во меѓувреме, Лихтенштајн стана мала успешна земја – која сè уште нема војска.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести