Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Алкохолот е богат со калогии, 1 гр. алкохол има дури 7 калории

Празниците, се време кога звукот на чашката се слуша почесто од вообичањено, но дали сте се запрашале колку калории внесувате со една голтка алкохол?

Кога е во прашање посебен режим на исхрана било тоа да е наменет во намалување или зголемување на телесната тежина, повеќето луѓе прават превид на фактот дека покрај исхраната, пијалоците имаат калориска вредност.

Алкохолот е богат со калогии – 1 гр. алкохол има 7 калории. 

Тоа е повеќе и од 1 гр. протеини и од 1 гр. јаглени хидрати кои содржат 4 калории.

Алкохолните пијалоци содржат хранливи материи а тоа значи дека немаат нутритивни вредности и не му даваа на организмот потребни нутрицити со што тие мора да се надополнат од други извори.

Тие “празни“ калории го заземаат местото на квалитетните калории од квалитетните намирници.

Исто така алкохолот го стимулира апетитот со што доведува до конзумирање на повеќе храна отколку што ни е потребно.

Алкохолот е диаретик и може да доведе до дехидретација ( 10 мл. урина за секој грам внесен алкохол)

Не се препорачува конзумирање алкхол ако сте на диета за слабеење. Пиете умерено ако ја одржувате тежината (1 до 2 чашки неделно). Внимавајте на апетитот, бирајте квалитетна храна и не се прејадувајте.

Ако сепак одлучете да испиете пиво или вино, вклучетеги и тие калории во калориското дневно внесување.

Доколку сепак сте претерале во текот на празниците со внесување алкохол, еве неколку совети како да го вратете балансот во телото.

Битно е да го рехидрирате организмот и да го детоксизирате – одбегнувајте тешка храна. Основно е пиење голема количина вода која е битна да се надополни течноста и елиминира токсичноста. Се препорачува овошје, портокали и цеден сок од портокали наутро на празен стомак кој може да помогне да се исфрлат токсините.

Важно е да се надополнат минерали како што е калциум, магнезиум, натриум (зеленчук, домати…) витамин Б и витамин Ц како антиоксиданс. Конзумирањер супа од зеленчук е добар лек. Лажица маслиново масло и риба богата со омега 3 и масни киселини, помагаат во елиминирање на вишок алкохол.

Пред пиење задолжително јадете се што ќе ја успорете апсорпцијата на алкохолот во крвта.

Пиете вода меѓу пијалокот за да спречете дехидретација.

Мал совет но и важен – пиете една врста алкохол.

најчитани вести

Спорт

Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од...

Забава

Начинот на кој гледате на работите ве открива каква личност сте, зарем не? Ние во суштина сме склони работите да ги гледаме од својата...

Свет

Повеќе од 230 милиони луѓе во Европа живеат во земји под целосна национална блокада. Светската здравствена организација ги повика европските земји да сторат повеќе...

Забава

Тајлен Блондо стана позната како девојка која беше фотографирана за насловната страница на „Vоgue“ на десетгодишна возраст, а таа фотографија крена голема прашина, бидејќи...