20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Дефинитивно ќе има по секоја цена Евровизија

Презентерот на „Би-би-си“ Грејм Нортон пренесе одлична вест за љубителите на „Песна на евровизија“, а тоа е дека натпреварот ќе продолжи во 2021 година и покрај пандемијата на коронавирусот.

„Дефинитивно ќе има Евровизија … натпреварувањето ќе се случи“, рече Нортон, кој го покрива настанот за британскиот јавен срвис.

Организаторите на натпреварот потврдија дека Евросонг дефинитивно ќе се одржи оваа година. Ќе може да се користат претходно снимени изведби ако изведувачите не можат да патуваат до Ротердам или ако да мора да се изолираат по нивното пристигнување таму.

Минатогодишниот натпревар беше откажан поради пандемијата. Во Велика Британија беше заменет со специјална програма со осврт на историјата на настанот, вклучително и гласање за најголемата евровизиска песна на сите времиња.

Нортон за американското радио „Сириус икс-ем“ изјави: „Aко некои уметници не се во можност да допатуваат во Холандија во 2021 година, можат да ја зумираат изведбата. Се сомневам дека ќе бидеме на стадион полн со 20.000 луѓe“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести