Луна Џогани ги разнежни сите со видео на социјалните мрежи во кое го покажа трудничкото стомаче.
Поранешната учесничка во реалното шоу ужива во својата бременост, а на Инстаграм објави видео од голиот стомак, кој го галеше цело време.
“5-ти месец, колку брзо поминува времето“, напиша Луна на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин инстаграм
Инаку, Луна откри дека веќе одбрала име за својата ќерка, а тоа ќе биде Миа.
Нивната љубов мина низ многу подеми и падови, но тие надминаа сè по напуштањето на „Задруга“. Иако многумина не веруваа дека оваа љубов ќе преживее, се случи прекрасен епилог.