20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Маја Оџаклиевска емотивно се отвори пред јавноста: “За да и помогнам на мајка ми почнав да работам на 13 години..”

Маја Оџаклиевска престана да настапува, па во медиумите ја има многу ретко. Ретко и зборува за себе, па затоа овие детали од нејзиното минато, веројатно, и никој не ги знае. Во една прилика рекла дека не размислува за љубов, но и дека била во брак дури 12 пати. 

– Имав 12 таканаречени брака. Кога ќе дојде оној момент кога ќе почне додебањето или однесување кое не ми се допаѓа, ги ставам работите во ќеси за ѓубре и велам: ’Работите ти се пред врата.’ Чао, довидување и нов брак. Мајка ми велеше: ’Еден пошол, друг дошол.’, ја раскажала во една прилика својата животна приказна Маја. 

Оџаклиевска е родена во 1954 година во Скопје, а кога имала девет години со мајка и и брат и заминала во Шведска.

За да и помогнам на мајка ми, веќе на 13 години почнав да работа. Бев бебиситерка. Веќе на 14 работев во фабрика за конзерви. Работев – пеејќи, раскажала Маја и открила дека средно училиште завршила во Скопје бидејќи мајка и сметала дека образовниот систем во Скопје е многу построг и помалку толерантен. Но и покрај тоа средното училиште не го завршила, а, како што рекла, не и било жал бидејќи и се отвориле вратите на музичката сцена.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести