Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Лицемерие заради кое тоне Мицкоски: Побегна од избори во Штип, а сега бара на цела територија

Во интервју за НетПрес, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајки на прашање го повика Премиерот Заев да организира предвремени парламентарни избори заедно со локалните оваа есен. Ваквото барање на Мицкоски доаѓа само месец дена откако побегна од избори за Градоначалник во Штип.

Во продолжение во целост го пренесуваме прашањето од НетПрес и одговорот на Христијан Мицкоски.

НетПрес: Зоран Заев повикувајќи се на резултати од анкети рече дека СДСМ повторно е водечка партија во земјата и дека доколку во овој момент се одржат парламентарни избори би имала најмалку тројца пратеници повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Како гледате на овие анкети и ваквите изјави од страна на власта?
Мицкоски: Тогаш да пробаме да се обидеме на локалните избори есенва да организираме истовремено и предвремени парламентарни избори. Тоа е најдобриот тест да покаже Зоран Заев дека тоа што го тврди навистина е така. Претходно велеше дека СДСМ има водство од 6 отсто, па потоа излезе таа телевизија во кој двете партии беа израмнети според рејтингот, иако јас лично бев девалвиран и ставен на маргините на политичката арена во Македонија. Сега, пак, Заев вели дека имаат предност од 4 проценти.
За една-две седмици доаѓаат неколку различни бројки, а кои доаѓаат од СДСМ. Или нека направат заеднички именител на сите нив, па да се знае која е просечната вредност која тие бие ја посакувале, или да се охрабрат и да излезат на избори. Зашто политички е наивно да имате толкава предност, а да не го искористите тоа и да зависите од кревкото мнозинство во парламентот и да стравувате кој пратеник ќе влезе на седница. Нелогично е политичар кој е убеден дека има таква предност да не посакува да ја оствари и преку предвремени избори.

најчитани вести

Македонија

Да биде јасно: Предлог законот за попис е пример за регулирање на политички попис, во сите негови фази. Политичкиот попис кој арогантно се најавува...

Македонија

Многу е едноставно, или Мицкоски ќе си оди во наредните два-три месеци или Мицкоски ќе остане запаметен како последниот лидер на ВМРО. Пишува Никола...

Забава

Љубовта не бира. Или така барем велат тие. Возраста не е важна, ако сте заедно со личноста која ја сакате. Во случајот на едно...

Забава

Како да не било доволно што извршил прељуба, овој Британец се најде во голема неволја затоа што имал врска со мајката на неговата девојка!...