12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Тетовка украла 2600 евра од фирмата во која работела – МИСЛЕЛА ДЕКА НЕМА ДА ПРИМЕТАТ

Вработените во компаниите се почесто се одлучуваат да ги ограбат своите газди, но ретко се случува крадецот да земе голема сума и да мисли дека нема да забележат.

Така помислила и оваа тетовка која украла дури 2.600 евра од фирмата во која работела, соопштија од полицијата.

Тетовската полиција соопшти дека денеска била приведена 26 годишна жена како осомничена дека од фирмата во која работела украла пари од касата.

– Околу 11 часот и 30 минути, на улица „ЈНА“ во Тетово, лишена од слобода е 26-годишната тетовка Д.Ј.,поради основи на сомнение дека претходно извршила кражба во фирмата во која работела, при што  од касата одзела парични средства во вкупен износ од 2.600 евра.Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе и биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Кражбата во продажниот салон на фирмата го пријавила одговорната на фирмата

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести