7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

СКАНДАЛ СО ПРИСЛУШКУВАЊЕ ВО СРБИЈА – ТАРГЕТ БИЛ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВУЧИЌ

Откако е откриено дека претседателот е прислушкуван годинаипол, и дека знае кој стои позади таа акција, безбедносните стручњаци велат дека е потребна итна и темелна истрага.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ открил во интревју за Курир дека е прислушкуван годинаипол и дека знае кои стои позади таа акција, како и дека верува во надлежните органи сето тоа ќе го испитаат. Тој навел дека има докази за сопствените снимени разговори.

Според зборовите на Орхан Драгаш, директор на Меѓународниот институт за безбедност, прислушкување на претседател на една земја е кривично дело и претставува обид за рушење на уставниот поредок. Како што велат, тоа е државен удар, за што е потребна темелна истрага и епилог на целата приказна.

– За тоа дека сум прислушкуван имам докази. Ги имам сопствените снимени разговори, бидејќи некои мислеле дека тоа можат да го избишат. Верувам дека надлежните органи тоа ќе го исптаат, и доколку тоа е недвосмислено кршење на законот, сторителите на ова дело ќе одговараат – навел Вучиќ.

На прашањето дали знае кој го прислушкувал, односно по чии налог, претседателот на Србија рекол: – Не ги знам имињата на луѓето кои ме прислушкувале, но знам кој стои позади тоа..

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести