21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Еве како се случила трагедијата по која осум млади од Босна го загубија животот за Нова година

Агрегатот за струја што се користел за загревање на викендичката во која осум тинејџери во Посушје се задушија на новогодишната ноќ бил во оставата, чајната кујна на северната страна од вилата.

Во таа оставата, чајна кујна, едната врата била затворена, а другата подотворена, додека прозорецот се наоѓал директно преку просторијата каде што беа девојчињата и момчињата.

За време на истрагата било утврдено дека затоа што прозорецот бил полуотворен, најверојатно, на тој начин, издувните гасови – јаглерод моноксид, задушиле осум млади луѓе, пишува Аваз.

Веднаш по истрагата беа земени примероци од крв и урина од сите починати, кои беа испратени на анализа и кои заедно со наодите од обдукцијата ќе ја расветлат оваа невидена трагедија. Обдукција ќе се направи денес и утре.

Осум млади девојки и момчиња ја дочекуваа Новата година заедно со уште шест пријатели, кои по забавата, во четири часот наутро, за среќа заминале во соседната куќа за викенди да спијат. Еден од момците од соседната викенд куќа ги пронашол мртви вчераутро во 10 часот.

Министерството за внатрешни работи на Кантонот Западна Херцеговина и Обвинителството за ЗХК соопштија дека засега сè укажува дека смртта настапила како резултат на испуштање отровни гасови од агрегаторот, кој се наоѓала во помошната просторија на викендичката каде што Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Мирела Резо, Шана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ, Марија Павковиќ и Стјепан Јукиќ, сите родени 2001 година ја славеле новогодишната ноќ..

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести