Најдебелиот човек во Велика Британија, тежок 412 килограми, почина на 52-годишна возраст. Тој во последните неколку години страдаше од тешкотии во дишењето и инфекции .
Бери Остин, од Челмсли Вуд, Бирмингем, почина вчера, според официјалната страница „ Birmingham City FC“ на Твитер , каде го нарекуваа „прекрасен човек“.
Според податоците, Остин конзумирал до 29 000 калории и пиел до 12 литри газирани пијалоци дневно.
Тој се стекна стана познат по неговото претерано јадење, а еднаш глумеше во документарец на „Sky One“, на водителот Ричард Хамонд.
Тој исто така глумеше во драмокомедијата на ITV „Најдебелиот човек во Британија“ со Тимоти Спал и Боби Бол.
