20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

КОРОНА ЗАБАВА : Шпанската полиција прекина нелегална забава во хангар во близина на Барселона, која траеше повеќе од 40 часа

Шпанската полиција прекина нелегална забава во хангар во близина на Барселона, која траеше повеќе од 40 часа.

На забавата по повод новогодишната ноќ присуствуваа околу 200 луѓе, а се одржа во селото Линарс дел Валес. Десетици луѓе продолжија да слават и денес, а некои одбија да заминат и ја навредуваа полицијата кога пристигна на самото место, пренесува Ројтерс.

Уапсени се тројца организатори на забавата, објави каталонската полиција на Twitter, наведувајќи дека уапсените, како и другите кои биле на забавата, се соочуваат со парична казна од 3.000 до 600.000 евра.

Освен во Шпанија, имаше и нелегални забави во Франција, каде полицијата ја прекина новогодишната забава на северозападот на земјата, на која присуствуваа околу 2.500 луѓе.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести