Често на интернет можеме да сретнеме параноични изјави и тврдења дека новата технологија за безжичен пренос на податоци 5Г е опасна по здравјето и животот на луѓето. Таа параноја не е нова, истите тврдења ги гледавме и претходно за Wi-Fi мрежите кои денеска се користат масовно, пред се кај мобилните телефони, рутерите и голем број од електронските уреди кои се користат дома или на работа.
Вечер, во издание од март 2012 година, објави тврдење дека Wi-Fi сигналот предизвикувал неплодност, стерилитет кај мажите. Веста вели:
Поврзувањето на бежична мрежа Wi-Fi преку електронските уреди може да има штетни последици по квалитетот на спермата на корисниците, покажуваат резултатите од истражувањето на аргентински научници објавено од магазинот ФСС (Fertility and Sterility).
Научниците за истражувањето користеле група здрави мажи чии примероци семена течност ги ставиле под компјутерски уреди. Кога примероците се наоѓале под уреди поврзани на Њи-Фи, по четири часа изложеност е утврдено дека во просек една четвртина од сперматозоидите престанале да се движат, а 9% од нив имале оштетена ДНК.
Кај втората група примероци, ставени подалеку од компјутерите, само 14% од сперматозоидите престанале да се движат, додека кај 3% е забележано оштетување на ДНК. Научниците сметаат дека причина за оштетувањето може да биде електромагнетното зрачење при комуникација преку Wi-Fi мрежа.