10.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

НЕВЕРОЈАТНО: ОВИЕ МИЛИЈАРДЕРИ НЕ ПЛАНИРААТ ДА ГО ОСТАВАТ СВОЕТО БОГАТСТВО НА ДЕЦАТА

Ако веќе сметате на големо семејно богатство, тогаш знајте дека постојат два патишта. Верувале или не, се почести се примерите кога богатите родители на своите деца не им оставиле ни денар. А за да биде контрадикторноста поголема, тие своите пари ги подарувале на сите, освен на своите чеда.

Причините за таквиот чекор некогаш се возвишени и филозофски, а некогаш се само последица на семејни расправии.

ВЕЧЕР ви ја презентира листата на богаташи кои сметаат дека нивните деца не го заслужуваат нивното богатство:

Ворен Бафет

Еден од тројца најбогати луше со години наназад според списанието “Форбс” тврди дека не верува во семејно богатство, а оние кои пораснале во раскош ги нарекува “членови на клубот среќни сперматозоиди”. 85-годишниот Бафет ветил дека 85 проценти од неговото богатство, кое се проценува на 44 милијарди долари, ќе го подари во добротворни цели, а најголем дел ќе ќари фондацијата “Гејтс”.

– Богатите луѓе треба да им остават на своите деца доволно пари за да може нешто да работат, но недоволно за не работат ништо, изјавил Бафет. Неговата ќерка Сузан вели дека генерално се согласува со нејзиниот татко.

-Мојот татко е еден од најискрените и најпринципиелните добри луѓе коишто ги познавамм, изјави таа, иако призна дека помалку чудно се чувствува кога ќе помисли дека поголемиот дел од родителите со задоволство им даваат подароци на своите деца, а нејзе и се потребни само малку пари, на пример, да ја реновира кујната.

Бил Гејтс

Вториот човек на листата на најбогати луѓе на светот го дели мислењето на Бафет кога станува збор за богатството. Тој и неговата сопруга Мелинда дале ветување дека половина од своето богатство, кое се проценува на 54 милијарди долари, ќе го вложат во нивната фондација која се бори против сиромаштијата во светот, и меѓу другото, го финансира образованието.

Бил Гејтс и Ворен Бафет заедно ја основаа организацијата “Giving Pledz”, со цел да ги поттикнат милијардерите да даваат пари во добротворни цели наместо им ги оставаат на своите деца. Износот кој Гејтс, решил да им го подари на своите 3 деца е смешенн во споредба со неговото вкупно богатство, но според некои проценки, секој од нив ќе наследи по околу 10 милиони долари.

Владимир Потањин

-Милион долари наследство ќе им помогне да стекнат добро образование, лесно да најдат работа и да се пронајдат себеси. Наследство од милијарди долари ќе ги убие и ќе им ја одземе смислата за животи, изјавил во една прилика рускиот милијардер Владимир Потањин, кој контролира повеќе од 20 поранешни државни претпријатија, вклучувајќи ги и големите банки.

Дали неговите деца ќе бидат задоволни од неговата животна професија останува да видиме?!

Данкан Бантајн

Шкотскиот бизнисмен и ѕвездата на реалното шоу “Dragon Den” наводно ии го укинал уделот на својата ќерка во фондот бидејќи ја фатил како пуши цигари. Овој милијардер уплаќа средства во фондот за своите деца, кои може да ги користат само под одредени услови, а еден од нив е да се однесуваат пристојно.

-Може слободно да пуши ако сака, но во тој случај нема да може да ги користи моите пари, изјавил тој. Во меѓувреме, милијардерот подари огромни суми на пари за различни цели, меѓу кои и за финансирање на “No Smoking Day”.

Арон Спелинг

Телевизиската серија “Beverli hils 90210”, чијшто продуцент е Арон Спелинг и во којашто глумеше неговата ќерка Тори, беше причина за раздор помеѓу таткото и ќерката.

Арон Спелинг и неговата сопруга Кенди очигледно не биле воодушевени што нивната ќерка учествува во оваа сапунска опера. Во годината пред неговата смрт во 2006-та година, тие не разговарале речиси 9 месеци и а од невоите 500 милиони долари, Тори доби само 800,000 долари.

Р. Е Тарнер Џуниор

Тед Тарнер основачот на информативната мрежа CNN морал да се бори за она што е сега, бидејќи неговиот татко неколку дена пред да се самоубие ја продал својата компанија.

Тед, кој тогаш имал 24 години со помош на својата мајка, успеал да го крене богатството на татка си за да денес е проценето на повеќе од 2 милијарди долари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести