Таа гордо ја носи титулата најстара жива личност на светот.
Кејн Танака, Јапонка, која според Гинисовата книга на рекорди е најстарата жива личност, денес наполни 118 години. Танака е родена на 2 јануари 1903 година и својот прекрасен ден го прослави во дом за стари лица во Фокуока, Јапонија, каде живее во последните неколку години.

Таа го прослави својот роденден весело, плескајќи со рацете и не симнувајќи насмевка од лицето, а на новинарите им рече дека планира да биде жива и здрава барем до нејзиниот 120-ти роденден.

Таа е во одлична здравствена состојба, вежба секој ден, јаде три пати на ден, а во моментот единствено жалење е што не може да ги види своите најблиски на нејзиниот роденден, поради мерките за контрола на вирусот корона.