Сите зборуваат за таа позната точка, а вие не можете да ја најдете?
Причината лежи во фактот дека на жените им е тешко да ја лоцираат и почувствуваат својата Г-точка доколку не се возбудени. Направена е од еректилно ткиво и расте доколку го иритирате. Затоа, фатете се за работа, допрете го клиторисот, замислете си ја својата тајна симпатија и само кога сте доволно возбудени, ставете го прстот во вагината. Г-точката лежи малку стуткана и сунѓереста и се наоѓа на два до пет сантиметри од влезот. Работете со прстот како да поканувате некој да дојде. Ако сè уште не работи, набавете вибратори за стимулирање на Г-точката и продолжете со истражувањето.
