Џенифер Лопез и Алекс Родригез се во врска скоро четири години, а се верени нешто повеќе од една година. Тие планираа голема венчавка во Италија во јули оваа година, но пандемијата им ги попречи плановите. Затоа сега заклучија дека е најдобро целосно да се откажат од мислата за брак.
Иако бракот и е исклучително важен како институција, а таа тврди дека и нејзиниот свршеник ги има истите чувства, пејачката и актерка Џенифер Лопез сепак нема среќа на тоа поле. Познатата латино убавица беше принудена да откаже долга и внимателно испланирана венчавка во Италија поради пандемија пред шест месеци, а сега донесе одлука дека навистина не и треба брак во нејзините 50-ти.
- Двајцата веќе бевме во брак, па размисливме за тоа и се прашувавме дали навистина ни требаше на наши години. Што значи ова за нас? Долго меревме. Заклучивме дека не брзаме, дека сме добри и вакс, рече пејачката во новото интервју и додаде:
- Бев многу тажна и разочарана кога моравме да ја откажеме свадбата затоа што вложивме многу напор во планирањето. Требаше да се венчаме во Италија, местото каде што вирусот корона најсилно погоди во тој момент. Кога ситуацијата малку се смири, се обидовме да најдеме алтернатива, но таквите работи едноставно не функционираат со сила, рече латино дивата.
