Жената која му родила син на Мирослав Илиќ со години бие судска битка за пејачот и пред законот да го признае Девин. Во меѓувреме, Мирослав ја тужел Мирјана дека го прогонува, но сега таа на својот Фејсбук-профил објавила дека тужбата е отфрлена.
„Тужбата е отфрлена, беше без основ уште од првиот ден и му се заблагодарувам на судот за праведната одлука“, напишала Мирјана.
Инаку, Вишиот суд во Белград претходно издаде наредба според која Мирсолав Илиќ мора да однесе брис во Институтот за судска медицина во Белград за со ДНК анализа да се утврди дали Девин Антоновиќ е негов син. Но фолкерот тоа се уште не го направил.