Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Двајца обвинети за трговија со дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 30 ноември, во домот во кој престојувал, првиот обвинет, 34-годишен скопјанец, неовластено држел седум најлонски пакувања со наркотична дрога марихуана, со вкупна нето маса од 54,82 грама. При претресот кај него била пронајдена и една дигитална вага. Во истиот дом, на булеварот “Босна и Херцеговина“, при претресот бил затекнат и вториот обвинет, 45-годишен скопјанец, кој во десниот џеб имал пластична кутија со 68,42 грама марихуана, а во левиот џеб –  уште една дигитална вага со траги од канабис.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата обвинети.​​

најчитани вести

Македонија

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов се огласи на Фејсбук и со жестока реакција побара оставка од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Еве што напиша:...

Македонија

Во Февруари 2015 година, Капетанот на луксузниот прекуокеански брод Коста Конкордија беше осуден на 16 годишна казна затвор. Франческо Скетино беше прогласен за виновен...

Свет

Британски експерти тврдат дека новиот вид, откриен во таа земја, сега инфицира повеќе деца, а тие досега биле најзаштитени. Во САД дури 25 проценти...

Забава

Сцените од реалити програмата редовно ги изненадуваат сите, а овој пат се случи вистинска семејна караница. Едно од најгледаните реалити програми е секако тоа...