-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА НА МАСОВНА ЗАБАВА СО КОКАИН, АМФЕТАМИН – ПРИВЕДЕНИ 13 ЛИЦА (фото)

На 24.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом, по претходно обезбедена наредба  од Основен кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице.

При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога. Приведени се М.К. (22), В.А. (28), М.И. (28), С.Г. (23), Р.Ј. (22), Р.В. (31), Г.А. (23), Н.К. (22), П.Г. (27), М.И. (21), Н.Ш. (23), Т.П. (22) и В.М. (23). Дел од лицата биле и затекнати додека консумирале наркотични средства.  Против лицата ќе биде поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести