4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА СО КОВИД-19 ДУРИ 50 ЛЕКАРИ И НАУЧНИЦИ СТАНАЛЕ МИЛИЈАРДЕРИ

Светскиот здравствен сектор прими 50 нови милијардери во тековната година на пандемија на корона вирус, претежно од редовите на лекари и научници, покажува истражувањето кое штотуку го објави американскиот магазин Форбс

Новите милијардери се збогатија благодарение на инвеститорите кои побрзаа да инвестираат во својата работа за развој на вакцини против ковид-19, методи на лекување и развој на медицински помагала.

Најважните новодојденци се научниците кои стојат зад двете најуспешни вакцини против коронавирус, едната што ја развија Pfizer и BioNTek, а другата е произведена од американската компанија Moderna, со седиште во Масачусетс.

Според „Форбс“, на чело на списокот на нови богати луѓе од областа на здравството е Угур Шахин, извршен директор на „БиоНТек“, кој ја основа компанијата со неговата сопруга Озлем Туреџи, и сега вреди 4,2 милијарди долари, по што следи Стефан Бансел, директор на „Модерна“, кој има богатство од 4 , 1 милијарда долари.

Вртоглавиот подем на Модерна создаде, забележува весникот, уште два милијардери од нејзините први инвеститори, имунологот Тимоти Спрингер од Харвард и научникот од МИТ Роберт Лангер.

Новите милијардери доаѓаат од 11 земји во светот, а повеќето живеат во Кина, првиот епицентар на „Ковид-19“.

На трето место според ново стекнатото богатство е Кинезот Јуан Липинг, канадски државјанин, со износ од 4,1 милијарди долари, кој поседува 24% од акциите на компанијата Шенжен Кантгаи, еден од водечките кинески производители на вакцини.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести