18.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

ЗАБРАНА ЗА БОЖИЌ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ГРАЃАНСКА ВОЈНА

Луѓето ширум светот се револтирани од фактот дека оваа година нема да го слават Божиќ на начинот на кој се навикнати. Откажувањето на Божиќните саеми во време кога градовите блескаат во нивниот празничен сјај и ограничувањето на собирите во домовите поради коронавирусот разбесни многумина.

Сепак, она што секој треба да се знае е дека ова не е прв пат во историјата да се забранува прославување на Божиќ. Во 1647 година, Божиќ бил забранет во англиските кралства, кои во тоа време ги вклучуваа Велс, Шкотска и Ирска. И таа одлука не помина славно. Во моментот кога била донесена одлуката да се забранат собири, прослави, украси … протести избувнале низ целата земја.

Во 1647 година, републиканските сили на Оливер Кромвел ја добија Граѓанската војна во Англија, Шкотска и Ирска, а кралот Чарлс беше заробен. Англиската црква беше укината и заменета со презвитеријанскиот систем. Англискиот парламент донесе закон со кој Божиќ се прогласи за нелегален. Виновници беа пуританците, односно нивниот истакнат претставник во парламентот, Кромвел, кој немаше ништо против самиот празник, но сметаше дека начинот на славење на Божиќ е неморален.

Следуваше протестантска реформа на црквите низ целата земја, така што сите верски празници беа забранети.

Прославата на Божиќ во тоа време траеше 12 дена, од 25 декември до 5 јануари, што беше неприфатливо за парламентот. Тие наредија продавниците да бидат отворени секој ден, вклучително и на самиот Божиќ, но украсите  беа забранети насекаде. Тие исто така забранија собири, божиќни ручеци и вечери и консумирање алкохол во големи количини.

Сепак, самиот Божиќ не помина во мир. Луѓето низ Англија, Шкотска и Ирска ги прекршија мерките. Во Норич, до градоначалникот беше доставена петиција со која се повикува на прослава на традиционалниот Божиќ. Тој не можеше јавно да го дозволи тоа и ги игнорираше нелегалните прослави низ целиот град.

Во Кантебери се одигра традиционален фудбалски натпревар, а многу домови беа украсени. Се славеше и низ целиот Кент, па вооружените сили мораа да интервенираат и да ги прекинат забавите. Празникот се славеше и во самото срце на Вестминстер, поради што беше уапсен и првосвештеникот на црквата Свети Маргарет затоа што не ја спречи прославата … Граѓаните го украсија Лондон и покрај се, и никој не сакаше да отвори дуќан на Божиќ. Се тврди дека самиот градоначалник на Лондон од бес кинел украси низ градот со помош на вооружени припадници на агенциите за спроведување на законот.

Земањето оружје и кршењето на мерките не беше само бунт околу забраната за прослави, таа борба беше политички чин. Работите се сменија и Божиќниот бунт беше исто толку протест против „новото нормално“, колку што беше и против забраната за славење. На луѓето им беше преку глава од низата ограничувања и финансиски потешкотии што произлегоа од  новиот систем и последиците од граѓанската војна.

Епилогот на протестот во Норич беше драматичен. Градоначалникот беше повикан во Лондон во април 1648 година за да објасни зошто не успеал да ги забрани прославите, но масите ги затворија градските порти за да го спречат неговото заминување. Властите испратија вооружена армија да го уапси, а во судирите со граѓаните експлодираше магацин полн со муниција. 40 лица беа убиени.

Во Кент, се одлучи дека Божиќните бунтовници кои го славеле празникот мора да одговорат пред законот, па округот започна масовен бунт против парламентот. Ројалистите го искористија народното незадоволство и започнаа да организираат демонстрации.

Таа 1647 и 1648 година и прославите доведоа до протести, немири и бунт и тоа на крајот до нова граѓанска војна во текот на летото. Кралот Чарлс беше осуден на смрт и погубен, што дополнително доведе до револуција и Велика Британија и Ирска станаа републики, сè заради Божиќ …

Можеби поради оваа приказна, многу влади ширум Европа и светот одлучуваат да попуштат со ограничувачки мерки за време на празниците, дополнително свесни за фактот дека на луѓето им е доста од сè и дека многу светски метрополи се „кренаа“ против мерките.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести