6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Џубокс Мицкоски со една песна пред Села и Гаши, друга за вмровска публика! Сега на осудените од 27ми им порача да издржеле

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со првиот човек на СДСМ Зоран Заев изгласаа партиите да си поделат 3,5 милиони евра од буџетот, но не поднесе никаков предлог за финансиска помош на семејствата на осудените за 27 Април.

Мицкоски пред месец дена се гушкаше со лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села кој од осудените за 27 Април бара оштета од половина милион евра.

На заедничките ручеци и прес конференции Мицкоски ниту еднаш не ги спомна осудените, ниту спомна дека на нивните семејства ќе им помогне на каков било начин да му ја компензираат штетата на Села.

Затоа вчера од партијата информираа дека Мицкоски во гостување во емисијата „Јади бурек“ им порачал на семејствата на уставобранителите да издржат.

Мицкоски не појаснил дали три години им е малку чекање, но им рекол дека тоа е сензитивна тема ама имал јасен план како по тоа прашање. Тој додал дека уставобранителите и нивните семејства многу добро знаеле дека не се заборавени од него и им порачал да издржат затоа што доаѓале подобри времиња.

ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски поднесе 1500 амандмани за он-лајн Собрание и уште 500 амандмани за Законот за здравствена заштита , но не поднесе предлог закон за амнестија на осудените за 27 Април.

Лидерот на Алијанса за Албанците го уценуваше Мицкоски да се извини за постапката на осудените од 27 Април за да коалицира со него, а Мицкоски не се спротистави ниту со еден збор.

Веднаш потоа Мицкоски си го зеде за свој човек од доверба и Воислав Зафировски од Интегра кој бараше најстроги казни за учесниците во 27 април, но тоа не беше пречка да стане перјаница која ќе држи заеднички прес конференции со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквото лицемерие на Мицкоски беше осудено од учесниците во настаните од 27-ми април во неколку наврати.

Тие упте тогаш го прашаа „Колку од четирите милиони евра што Собранието ги изгласа ќе бидат доделени на ДПМНЕ и колку од доделените средства партијата ќе одвои за семејствата на затворените за 27ми Април? Или тие луѓе ќе продолжи да ги користи само во дневно политички и со нивната жална судбина да печалите гласови од патриотските настроени гласачи, кои за вас белокошуљашите никогаш не ни го дале гласот да не се овие луѓе!“
п.с. Па нели формиравте и Патриотски Институт? Тој институт треба како примарна задача да ја има грижата за овие луѓе, а не да се шета и слика низ Македонија за на ФБ.
Па нели баш челникот на тој институт говореше пред да ја добие оваа функција, дека парите за патни трошоци, пратениците на ДПМНЕ треба да ги издвојуваат за семејствата на затворените за 27ми Април? Откако ја доби функцијата нагло зборави за таа иницијатива, а да покрене други очигледно нема идеја и намера!? Ева сега јас му ја давам оваа идеја што на почетокот на текстот ја наведов. Да видиме дали сме “браќа” како што велите, или ви бевме и останавме мамец за гласови, монета за поткусурување!? Еве сега јас му ја давам оваа идеја што напочетокот на текстот ја наведов. Пример нека ви биде Боби Темелков кој покрена акција за помош на семејствата на уставобранителите и сите добрлнамерни луѓе од Македонија и светот, кои од своите домашни фондови издвојуваат и се приклучуваат кон акцијата на Боби. Наклон до под за тие луѓе! А вие “господа” пратеници, ЗАСРАМЕТЕ СЕ!!!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести