Еден од најбараните српски глумци Милош Биковиќ заразен е од корона вирус.
Како што открил близок извор на Биковиќ, тој нешто повеќе од десет дана имал симптоми, и сега не излегувал од дома, одбегнува да се јавува на телефон за да не се дознае дека е болен.
Милош се чуствувал добро, меѓутоа, мора да мирува додека вториот тест не покаже дка е негативен на вирус.
– И покрај целата ситуација во земјата и светот, и тоа како има работен ангажман. Цела оваа ситуација го спречила одредени проекти да завршат на време. меѓутоа Милош добро се чуствува и верува дека наскоро повторно ќе почне со снимање – вели извор.
