-5.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Мицкоски повторно заталка во ставовите: најавува нов договор со Бугарија, а претходно беше против

Пред само два месеци Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ тргна во кампања против власта со обвинување дека наводно се подготвувал нов договор со Република Бугарија.
Во интервју на Канал 5 Телевизија Мицкоски изрази сомнеж дека бугарската министерка Екаерина Захариева му предложила нов договор на министерот Бујар Османи.
„Договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени, каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите“, рече пред два месеци Мицкоски.

Наводното барањето на Бугарија , веднаш потоа беше претставено како барање на нов договор од страна на македонските власти.
„Бидејќи очигледно се водат тајни разговори со Бугарија, без детали за новиот договор кој се нуди, го прашуваме Зоран Заев во кој дел од програмата на СДСМ пред изборите вети нов договор со Бугарија и кога престана неговото тврдење дека претходно постигнатиот договор е најдобар што можел да се постигне опишувајќи го тоа како огромен успех. Од кого тоа доби дозвола да преговара и води тајни разговори и дали не се во игра и приватни бизнис интереси на Заев врзани со една банка, и други два вносни бизниси? Дали Заев нуди промена на Уставот?“, соопштја од ВМРО-ДПМНЕ пред неполн месец.

Османи и Заев тогаш го демантираа Мицкоски.
„Околу односите со Бугарија, и мојата посета, сакам да истакнам: нема нов Договор, туку има засилување на меѓусебната комуникација на повеќе нивоа. Притоа отворено разговараме за сите прашања кои произлегуваат од Договорот за пријателство “, наведе тогаш Османи.
Заев, пак изјави „ Одговорни сме, сакаме договори, земјата да ни оди напред и ги даваме сите максимални напори и посветеност, позитивни апсирации, внимание, пријателство, дух, за да ги постигнеме договорите. Секако, она што е најважно за нас е да ги заштитиме максимално нашите интереси, но водејќи грижа и за интересите на бугарската страна“

Нов договор немаше, но затоа сега Мицкоски најавува дека доколку тој добие можност, стариот договор ќе го поништи и ќе склучи нов договор со Бугарија.

Медиа и претходно пишуваше за политичките лупинзи на мицкоски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести