2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Сладолед на плажа трае подолго од зборот на Мицкоски

Помалку од еден месец му требаше на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да направи „салто мортале“ и да ја смени стратегијата за уривање на владата на Заев.
Оваа констатација држи само доколку намерата за уривање на владата била искрена и Мицкоски не лажел во неговите јавни настапи.
Од фалбаџиски изјави за обезбедена поддршка на пратеници кои се коалициски партнери на Заев и интерпелација на владата, Мицкоски сега се спушти на интерпелација и пресметка со Димитров.
Звучи несериозно, но Заев засега е заштитен од Мицкоски. Доколку Мицкоски има обезбедено поддршка од пратеници од мнозинството, тие сега ќе гласаат само за недоверба на Димитров, а не и на целата влада.
Мицкоски денеска го амнестираше Заев и изјави дека Димитров е главниот виновник за дебаклот што и се случува на Македонија на меѓународната сцена.
„Мислам дека во овој момент најповикано прашање е дебаклот кој што ни се случува на отворена сцена поврзано со надворешната политика. Не знам, ако нешто е поактуелно од ова тогаш во моментов навистина јас не можам да се сетам“, изјави Мицкоски заборавајќи на целокупното лошо делување на владата и на економски и на здравствен план.

Уште кон крајот на Октомври , лично Мицкоски најави дека е обезбедена поддршка од пратеници на власта кои ќе гласаат недоверба на владата на Заев. Наводно тие биле незадоволни од тоа што Заев им го ветил , а не го исполнил. Месец и половина поминаа од тогаш, а Мицкоски не покрена интерпелација на владата за да ја спаси Македонија.

Веднаш потоа Мицкоски ја промовираше стратегијата за уривање на владата преку интерпелација. Интервјуто на Заев беше повод за интерпелацијата што ја најави Мицкоски. Зошто сега мисли дека Димитров е виновен за интервјуто на Заев, Мицкоски не објасни, но најавите останаа да лебдат нецели три недели.

Пред само една недела и неговата десна рака, потпретседателот Александар Николовски на ТВ Алсат најави интерпелација на владата.
„Ние побаравме оставка од премиерот Заев. Тој за жал не ја даде и затоа поднесуваме прашања за доверба на владата и после тоа да се формира една Влада на национален спас, за која што поддршка би дале сите политички партии застапени во Собранието и во која што, најголемите умови во оваа држава, најстручните луѓе би се собрале за да извадат државата од овие три кризи кои што ги споменав. А, после тоа да одиме на предвремени избори на кои што повторно би се избере политичка Влада“ рече Николоски.

На Мицкоски се почесто му се случува да си има проблем со одржување на зборот, но секако најголема измама беше најавената оставка доколку не победи и не формира влада по изборите.
„Доколку ВМРО-ДПМНЕ победи и не успееме да направиме Влада, и тогаш ќе понесам одговорност“, рече Мицкоски во интервју за Макфакс пред парламентарните избори. После изборниот резултат на Мицкоски му беа потребни неколку денови за да се појави во јавноста, за конечно да соопшти дека “математички прецизно” доколку се одземат пратениците на БЕСА од коалицијата на СДСМ на изборите победник е ВМРО-ДПМНЕ.

Медиа веќе пишуваше за неконзистентноста во политичкото делување на Мицкоски.
Претходните текстови може да ги погледнете на следните линкови.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести